20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатот до електрична мобилност заканa за илјадници работни места во Јапонија и...

Патот до електрична мобилност заканa за илјадници работни места во Јапонија и Германија

Со децении, моторот со внатрешно согорување ги напојува автомобилите и приходите на домаќинствата низ целиот свет. Сега иднината на работните места за илјадници компоненти на моторот изгледаат неизвесни, како и самата технологија.

Водена делумно од владините политики, глобалната транзиција кон електрични возила ќе влијае на стотици илјади работни места во автомобилската индустрија во наредните децении. Само во Јапонија, наметнувањето електрични возила се заканува дека ќе скрати 84.000 работни позиции до 2050-та година, или повеќе од 10% од 686.000 работни места во индустријата со автомобилски делови, според консултантската група „Arthur D. Little Japan“.

Промената веќе ја чувствуваат некои јапонски производители на автомобили. „Honda Motor“ на 4-ти јуни соопшти дека нејзината фабрика во Мока, северно од Токио, ќе се затвори во 2025-та година, како дел од преориентацијата на компанијата кон електрични возила. Околу 900 вработени ќе бидат преместени во други објекти, пишува „Nikkei“.

„Honda“ во април изјави дека автомобилите на бензински погон ќе исчезнат од нејзината гама до 2040-та година. Сите нови автомобили ќе бидат со електричен погон и водородни горивни ќелии, со што ќе се намали потребата за делови од моторот.

Компанијата нуди предвремено пензионирање за своите вработени кои наполниле 55 години. Во моментов, повеќе од 2.000 луѓе имаат намера да ја искористат оваа можност. Овој број претставува приближно 5% од редовните вработени во „Honda“.

Додека на бензинските возила им се потребни 30.000 компоненти, електричните возила бараат околу половина од тие делови. Главниот фактор тука е поедноставната архитектура на електричните автомобили, додека моторот со внатрешно согорување е составен од многу делови изработени по строго утврдени стандарди.

Во Јапонија има 7.500 добавувачи на автомобилски делови, според „Tokyo Shoko Research“. Има околу 15.000 даватели од втор степен. Како и компаниите во Германија, многу од нив се играчи со ниски примања и плати. Секторот за автомобилски делови учествува со една петтина од понудата на вредност во целата јапонска производствена индустрија.

Поедноставниот дизајн на електричните возила ќе ја минимизира важноста на пирамидите во автомобилската индустрија и ќе ја намали бариерата за влез на пазарот за оние што доаѓаат од други сектори.

На овој начин, производителите на автомобили ќе можат да се фокусираат на дизајнот и софтверот додека го делегираат производството на подизведувачи. Оваа хоризонтална поделба е подготвена да стане нов деловен модел за автомобилската индустрија.

„Hon Hai Precision Industry“, тајванската компанија која е доставувач на производи на „Apple“ познати како „Foxconn“, планира да стане сличен производител на електрични возила.

Како што напредува хоризонталната поделба, „постојната индустриска пирамида ќе пропадне“, предупредува Осаму Сузуки, поранешен претседател на „Suzuki Motor“ и долгогодишен поборник за улогата на автомобилите во поддршката на малите и средни производители во Јапонија.

Во Германија веќе започнаа намалувањата на работните места, уште една автомобилска сила = лидер во транзицијата кон електрични возила. До 2030-та година, најмалку 215.000 работни места ќе бидат засегнати, според студијата на Институтот за економски истражувања – „Ifo“. До 2019-та година, земјата има 613.000 работни места поврзани со моторите со внатрешно согорување, според институтот, што значи дека речиси 40% од работниците ќе бидат погодени од електрификацијата.

Транзицијата кон електрични автомобили може да влијае на буџетите на домаќинствата на други начини – преку повисоки цени на индустриските суровини.

Цената на литиум карбонатот, која е во срцето на литиум-јонската батерија, достигна највисоко ниво во последните 30 месеци во Кина во април. Вредноста на бакарот, кој е од суштинско значење за електричните мотори, се искачи на рекордно највисоко ниво за прв пат во една деценија во мај на Лондонската берза за метали.

Меѓународната цена за неодимиум, елемент на ретка земја што се користи во магнети на електрични мотори, исто така расте.

Бидејќи литиумот и бакарот се користат во производството на широк спектар на електроника за широка потрошувачка, преминот кон електрични автомобили може да ги зголеми цените и на овие производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП