29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија плаќа рекордна сума во буџетот на ЕУ

Германија плаќа рекордна сума во буџетот на ЕУ

И покрај кризата со коронавирусот, Германија плати рекордна сума во општиот европски буџет во минатата година. Според проценките на ДПА, околу 19,4 милијарди евра нето беа префрлени во Брисел во 2020-та година. Генерално, Франција придонесе со половина од таа сума – 9,5 милијарди евра, а со околу 6,3 милијарди евра, Италија придонесе со помалку од една третина од германската сума.

Според пресметките на ДПА, најголем нето-корисник во апсолутна смисла е Полска, која доби 12,4 милијарди евра повеќе од буџетот на ЕУ отколку што плати. Потоа следуваат Грција со 5,6 милијарди евра, како и Романија и Унгарија со по околу 4,7 милијарди евра.

Бројките се особено интересни поради големите парични текови кон Полска и Унгарија. И двете земји беа критикувани за сериозни прекршувања на владеењето на правото и другите основни вредности на ЕУ. Затоа има сѐ поголеми критики за поддршка на намалувањето на плаќањата на ЕУ за двете земји.

„Ако сакаме да ги спречиме Унгарија и Полска да продолжат да стануваат автократија, Европската комисија мора веднаш да престане да ги плаќа парите на ЕУ во Варшава и Будимпешта“, инсистираше, на пример, германскиот европратеник од „Зелените“, Даниел Фројнд. Дури и заменик-претседателот на германскиот парламент, Катарина Барли (социјалдемократи), неодамна даде јасна изјава во оваа насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП