28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ќе има зголемување на цената на кафето?

Дали ќе има зголемување на цената на кафето?

Најлошите мразови во последните децении во најголемиот светски производител на кафе, Бразил и рекордно високите трошоци за транспорт поради одложувањата во превозот поради пандемијата со Ковид-19 во следните неколку недели, ќе резултираат со зголемување на цените на кафето на највисоко ниво во последните години, проценуваат аналитичарите.

Зголемувањето на цените на кафето дополнително ќе ја зголеми цената на кошница со основни прехранбени производи, откако веќе се собрани лебот, растителните масла и шеќерот. Индексот на Агенцијата за храна на ОН, кој ги прикажува светските цени на храната во јули, порасна за 31 отсто во однос на истиот месец во претходната година, во време кога многу потрошувачи сѐ уште имаат финансиски проблеми поради пандемијата.

Најлошиот мраз во Бразил од 1994-та година ги доведе цените на печеното кафе на највисоко ниво во последните седум години, а товарот од тоа ќе биде префрлен на потрошувачите што купуваат печено или мелено кафе во супермаркетите.

Цената на фјучерсот на арабика на американскиот пазар двојно се зголеми во последните 12 месеци, а бразилската култура сега е погодена од најлошата суша во последните 91 година. Степенот на штетата сѐ уште се утврдува, но во областите каде што дрвјата за кафе не преживеаја, ќе бидат потребни седум години за целосно закрепнување на производството.

И нарушувањата во глобалната понуда, предизвикани од зголемената побарувачка за стоки за широка потрошувачка по пандемијата и недоволниот број достапни бродови, исто така, предизвикаа нагло зголемување на цените за превоз на кафето до големите потрошувачки земји во Северна Америка и Европа.

Трговците веруваат дека потрошувачите наскоро ќе платат повисока цена за кафето во продавниците, додека трошоците за кафе во кафулињата можеби нема да го следат овој тренд на краток рок.

„Печено и мелено кафе во продавниците се само спакувано кафе. Но, вашата шолја кафе во „Starbucks“ можеби не е толку скапа затоа што плаќате повеќе за кафе, wi-fi и искуство“, вели еден продавач на кафе.

Последните податоци на Бирото за статистика на САД покажуваат дека во април просечната цена на меленото кафе изнесувала 4,75 долари за фунта, што е за 8,1 отсто повеќе од претходната година и е највисоко ниво од јули 2015-та година.

Бразилското здружение на производители на кафе „Abic“ проценува дека цените на печеното кафе во Бразил скокнале за околу 80 проценти помеѓу декември и крајот на јули.

„Некои компании, вклучувајќи ги и лидерите на пазарот, веќе најавија зголемување на цената“, стои во писмото од „Abic“ испратено до пржилниците за кафе.

Патем, Бразил е одговорен за 30 проценти од вкупниот светски извоз на кафе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП