11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто да направите доколку го изгубите вашиот багаж?

Што да направите доколку го изгубите вашиот багаж?

bagaz

Кога патувате со авион, секогаш бидете добро подготвени за најлошото – губење на багажот.

За да не останете со празни раце доколку го изгубите вашиот багаж, обидете се да се спакувате на тој начин, од се по малку да ставите во рачниот багаж. Во него ставете документи, резервна облека, долна облека, паста и четка за заби, и лекови.

Откако ќе направите листа на работи кои ќе ги ставите во куферот, сликајте ја надворешноста и внатрешноста на куферот. Ова може да биде корисно во одредувањето на сопственоста на куферот.

Задолжително пополнете го делот за информација на куферот со своето име и и презиме, а препорачливо е да напишете и адреса на живеење и телефонски број.

За полесно да ја препознаете кога ќе пристигнете, ќе ви помогнат впечатливите етикети, деталите на рабовите или невообичаената рачка за носење преку рамената. Меѓудругото, со тоа се намалува можноста некој да ја замени вашата торба со неговата.

 

Не заборавајте патничко осигурување

Пред да патувате, не заборавајте патничко осигурување кое што ги покрива загубениот багаж и каснењето на багажот. Доколку купите и нова дополнителни облека, треба да знаете дека вашето осигурување и во тој случај покрива штета во случај ако авиокомпанијата се откаже од одговорност.

Сепак, бидете внимателни со полисата за осигурување и чувајте ја на истото место каде што ќе го ставите билетот и пасошот во рачниот багаж.

Ако вашиот багаж не се појави на транзитната лента, не паничете. Најдете го одделот за изгубени предмети и пријавете исчезнување. Откако ќе поднесете барање, започнете со пребарување на багажот.

Доколку сте патувале со повеќе авиокомпании, најпрво во нивните служби за изгубени предмети дознајте кој е одговорен за вашиот багаж. Вообичаено, тоа е компанијата со која сте стигнале до крајната станица.

Побарајте формулар во која ќе го опишете вашиот багаж и оставете го вашиот мобилен телефонски број и адресата на хотелот во кој може да ве најдат доколку истиот се појави. Потоа јавете се во вашата осигурителна компанија и објаснете им ја ситуацијата, и доколку авиокомпанијата одбие да ја преземе одговорноста, побарајте го истото во писмена форма. Ова ќе ви помогне полесно да ја поднесете вашата пријава до осигурителната компанија.

Ако вашиот багаж не пристигне дури и по неколку дена, поднесете барање за надомест на штета и приложете ги сите сметки за трошоците кои сте ги имале за време на патувањето, а тоа ги вклучува најнужните потреби и промена на облеката.

Доколку авиопревозникот не го пронајде вашиот багаж во рок од 45 дена, тогаш истиот официјално ќе се смета за изгубен. Од тој момент па натаму вашето барање за надомест на штета ќе почне да се обработува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП