„Temple Run 2“ имаше одличен старт минатиот викенд, бележејќи повеќе од 20 милиони преземања во првите четири дена додека беше достапна во „Apple App Store“.
Продолжението на популарната бесконечна видео игра стана најмногу преземена бесплатна апликација, само осум часа по објавувањето, изјавува креаторот на апликацијата „Imagi Studios“.
Оваа iOS игра во која играчите пробуваат да побегнат од џинот и од лошите мајмуни, исто така е апликација која е трета по ред по остварени приходи, благодарение на потрошувачката во рамките на апликациите кои ги подобруваат карактерните вештини и шансите да поминете најдобро време за себе.