Грција денеска воведе полициски час и забрани музика на два популарни туристички острова со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, изјави грчкиот заменик-министер за цивилна заштита.
Најновите мерки се однесуваат на островот Закинтос во Јонското Море, каде што бројот на заразени лица се зголеми за 69 проценти во споредба со претходната недела, и за Ханија, град на западен Крит, каде што бројот на новозаразени лица се зголеми за 54 проценти.

