26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО порача засега да не се дава трета доза вакцина, САД не...

СЗО порача засега да не се дава трета доза вакцина, САД не прифаќаат

Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за мораториум на третата доза вакцина продив Ковид-19 велејќи дека Соединетите Американски Држави не треба да избираат помеѓу давање трета доза од вакцината на своите граѓани и донирање вакцини на трети земји.

„Тоа е погрешна алтернатива“, рече Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот што СЗО го упати претходно.

„Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и не мора да избираме помеѓу дополнително вакцинирање на Американците, што патем уште не е официјално предвидено и помагање на сиромашните земји“, рече таа.

Псаки потсети дека САД веќе дистрибуирале повеќе од 100 милиони дози вакцини на посиромашните земји, што е повеќе од донациите од сите други земји заедно.

Соединетите Американски Држави уште немаат донесено одлука за дополнителна вакцинација, а Германија и Израел одлучија да го сторат тоа, пред сѐ, за постарите граѓани.

СЗО во средата повика да се стави крај на ревакцинацијата со трета доза, барем до крајот на септември, за да им се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП