26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка месецов ќе подели дивиденда

Комерцијална банка месецов ќе подели дивиденда

По објавата на 03.08 на Народнатабанка за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, Комерцијална банка АД Скопје преку официјално соопштение на Македонската берза објави дека месецов ќе подели дивиденда за 2020 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 10.08.2021 година.

Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година, е 11.08.2021 година.

Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 24.08.2021 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Комерцијална или во друга банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП