25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Procter & Gamble“ очекува поголем годишен профит

„Procter & Gamble“ очекува поголем годишен профит

„Procter & Gamble“ прогнозира повисок основен профит за оваа година, и покрај предупредувањето за скоро 2 милијарди американски долари од удари од повисоките трошоци за превоз и суровина. Ова се случува во време кога гигантот за производи за широка потрошувачка се обложува на зголемување на цените и намалување на трошоците за да го ублажи влијанието врз неговите маржи.

Акциите на производителот на „Gillette“ и „Pampers“ пораснаа за 1,3 проценти до 141,35 долари пред почетокот на тргувањето, откако компанијата ги објави приходите од продажба во четвртиот квартал што ги надмина предвидувањата.

Компаниите за потрошувачка стока се соочуваат со повисоки цени на суровините и зголемени трошоци во оваа година поради проблемите со пандемијата што ги принудуваа многумина, вклучувајќи го и „Procter & Gamble“, да ги зголемат цените на нивните производи.

„P&G“ се соочува со значителен пораст на цените на повеќето суровини што ги користи, при што целулозата, смолата и полипропиленот се еден од двигателите на овој процес, коментира главниот финансиски директор Андре Шултен.

Компанијата очекува 100 милиони долари повеќе за трошоци за превоз во оваа година, главно во Соединетите држави, каде недостатокот на возачи ја попречува неговата работа, додаде Шултен.

„Unilever“ и „Reckit Benckiser Group“ се меѓу другите големи производители на производи за широка потрошувачка кои предупредија на зголемените трошоци.

„Procter & Gamble“ соопшти дека очекува околу 1,9 милијарди долари удар по оданочувањето од повисоките трошоци. Некои од овие средства ќе бидат компензирани со силната продажба на компанијата во сите нејзини категории, рече Шултен.

„Сите се соочуваат со скок на трошоците и мислам дека сме добро позиционирани“, додаде извршниот директор Дејвид Тејлор. Тој ќе биде заменет со главниот оперативен директор Џон Молер во ноември.

„Procter & Gamble“ предвидува дека нејзините приходи по акција за фискалната 2022-ра година ќе се зголемат помеѓу 3% и 6%, достигнувајќи 5,82-6,00 долари. Тоа е над просечната прогноза на аналитичарите од 5,90 долари по акција, според „Refinitiv“.

Компанијата очекува годишниот нето приход од продажба да порасне помеѓу 2 и 4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП