25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФабриките во Европа вработуваат со рекордно темпо

Фабриките во Европа вработуваат со рекордно темпо

Фабриките во еврозоната ангажираат нови работници со рекордно темпо за да ги исполнат нарачките што постојано се зголемуваат, пишува „Bloomberg“.

Создадените работни места беа особено изразени во Германија и Австрија во минатиот месец, според истражувањето на „HIS Markit“ на менаџерите за набавки. Индустриските производители продолжија да се борат со значителни тешкотии во синџирот на снабдување и ги пренесоа зголемените трошоци на клиентите.

Во време кога светските економии се опоравуваат од пандемијата на коронавирусот, фабриките во Европа работат со полна пареа. Компаниите во Северна Азија исто така имаат корист од зголемената глобална побарувачка, а намалената активност во Југоисточна Азија, сега еден од најтешко погодените региони во светот од Ковид-19, е потсетник дека кризата би можела повторно брзо да се разгори.

Но, довербата во изгледите на еврозоната е висока. Индексот на ставови кон економијата се искачи на највисоко ниво од 1985 година па наваму, според посебно истражување.

Меѓународниот монетарен фонд ги зголеми прогнозите за економијата на еврозоната, предвидувајќи дека тој момент во четирите најголеми економии во блокот ќе се забрза во наредните месеци. Европската централна банка се подготвува за „силен“ раст на БДП-то во тековниот квартал, но исто така предупреди дека растот на заразените и ограничувањата на понудата може да го поткопаат закрепнувањето.

„Индустриските производители и нивните добавувачи имаат потешкотии да го зголемат производството доволно брзо за да ја задоволат побарувачката, со што цените се повисоки и повисоки. Индикаторите за ограничување на капацитетот продолжуваат да испраќаат предупредувачки сигнали“, рече Крис Вилијамсон, економист во „IHS Markit“.

Новите нарачки скокнаа во јули, предизвикувајќи значително зголемување на обемот на работа. Сеприсутниот недостаток на материјали и слабата достапност на транспорт доведуваат до рекордно зголемување на трошоците за производство и продажни цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП