24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто добива вашето тело од интегралните житарки

Што добива вашето тело од интегралните житарки

Да се храните со интегрални житарици значи да јадете исклучиво цели зрна, без оглед дали во варен или печен облик. Интегралните житарици го намалуваат холестеролот, помагаат во превенцијата на срцевите болести и ракот на дебелото црево и го регулираат шеќерот.

Јачмен

Оваа житарица е исклучително хранлива бидејќи содржи квалитетни материи како што се протеините, влакната, сложените јаглехидрати, минералите и витамините. Јачменот ги прочистува крвните садови и поволно делува на коскената маса.

Пченка

Таа содржи големо количество скроб, но тука се и растителните влакна, протеините, јаглехидратите, белковините, бета каротенот, незаситените растителни масти, фолната киселина, минералите и витамините. Пченката поволно влијае на мускулната и коскената маса, на бубрезите и црниот дроб.

`Рж

Оваа намирница е најбогата со манган и Б витамин, па затоа е корисна за одлично функционирање на нервниот систем.

Пченица

Интегралното зрно од пченицата содржи селен, фосфор, магнезиум, манган, цинк, железо, калциум, калиум и витамини Е, Б, бета каротен. Варените зрна со редовна консумација ја спречуваат појавата на опстипација, хемороиди и рак на дебелото црево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП