Целосно вакцинираните луѓе во Англија имале три пати помала веројатност да бидат позитивни на коронавирус отколку невакцинираните луѓе, според британското истражување објавено денеска. Тоа е студија на научници од Империјалниот колеџ во Лондон спроведена на 98.233 тестови за коронавирус помеѓу 24 јуни и 12 јули.
Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесува 1,21 проценти и кај целосно вакцинираните 0,4 проценти. Студијата, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку невакцинираните луѓе, бидејќи количината на вирус во нивното тело е помала.

