28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде во Европа се прави најмногу сладолед?

Каде во Европа се прави најмногу сладолед?

Во 2020-та година, Европската унија произведе 2,9 милијарди литри сладолед, според податоците на Еуростат.

Во споредба со претходната година, падот е 9% и главно се должи на фактот дека за време на пандемијата многу од рестораните, плажите и уличните тезги на Стариот континент беа затворени, и тие се местата каде што традиционалната потрошувачка на сладолед е висока.

Во последната година, земјите од ЕУ извезуваат 232 милиони килограми сладолед во трети земји, со вкупна вредност на извозот од 752 милиони евра. Увозот на сладолед во Заедницата изнесува 79 милиони килограми во вредност од 182 милиони евра.

Увозот се намали за 4% во споредба со 2019-та година, но извозот се зголеми за 5% на годишна основа.

Германија е најголемиот производител на сладолед во ЕУ. Во 2020-та година, земјата произведе 642 милиони литри. Франција и Италија се на второ и трето место со 516, соодветно, 509 милиони литри.

Според податоците на Еуростат на дното на листата се Австрија (2,12 милиони литри) и Словачка (1,59 милиони литри).

Покрај тоа што беше најголем производител на сладолед во 2020-та година, Германија произведе и сладолед со најниска просечна цена од 1,3 евра за литар. Франција ја има највисоката цена од 2,2 евра за литар сладолед (податоците се од 2019-та година), потоа Италија со просечна цена од 2 евра за литар.

Франција е главниот извозник на сладолед во ЕУ со 59 милиони килограми во 2020-та година, потоа Холандија (38 милиони килограми), Германија (29 милиони килограми), Италија (20 милиони килограми) и Белгија (16 милиони килограми).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП