25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Heineken“ предупреди дека Ковид-19 и зголемените трошоци може да влијаат врз нив

„Heineken“ предупреди дека Ковид-19 и зголемените трошоци може да влијаат врз нив

„Heineken“, вториот по големина производител на пиво во светот, очекува пандемијата да влијае на важните пазари во Азија и Африка до крајот на годината. Компанијата, исто така, предупреди дека зголемувањето на трошоците за суровини може да влијае на маржите, по известувањето за добивката во првата половина што ги надмина очекувањата.

Извршниот директор Долф ван ден Бринк, кој ја водеше компанијата една година, рече дека е задоволен од нејзината силна прва половина од годината, но предупреди дека се очекува приходите за 2021-ва година да останат под нивото пред пандемијата.

„За разлика од минатата година, сега гледаме значително влијание врз бизнисот во Југоисточна Азија“, рече Ван ден Бринк, мислејќи на падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Според него, Виентам, еден од трите најголеми пазари на „Heineken“, ја предизвикува загриженоста во компанијата за блокадите во некои делови на земјата. Во меѓувреме, малезиската пиварница на компанијата се затвори и послабиот туризам влијае на продажбата во Индонезија.

Претходно, „Heineken“ предвиде подобрување на условите на пазарот во втората половина на 2021-ва година, во зависност од вакцинацијата против Ковид-19.

Зголемувањето на трошоците за суровини, вклучувајќи јачмен, шеќер и алуминиум за лименки, ќе започне да влијае врз „Heineken“ во втората половина од годината и ќе има „значаен ефект“ во 2022-ра година, кога договорите за заштита нема повеќе да го ублажуваат зголемувањето.

Со отворањето на барови и трошоците за маркетинг, исто така, веројатно ќе скокнат.

„Heineken“ продаде скоро 10% повеќе пиво во првата половина во споредба со претходната година.

Цената на акциите на компанијата порасна за скоро 2% пред почетокот на тргувањето.

Гигантот рече дека повеќе од половина од својот тригодишен план да заштеди 2 милијарди евра и да ги врати профитните маржи на нивото пред пандемијата до 2023-та година, делумно со намалување на 8.000 работни места, мора да се постигне до крајот на годината.

Оперативната добивка за првите шест месеци, без еднократните ставки, се удвои на 1,63 милијарди евра од просечната прогноза од 1,22 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП