3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai Avante/Elantra за 2014-та година

Hyundai Avante/Elantra за 2014-та година

avante1

„Hyundai“ ги објави првите фотографии од освежениот модел „Avante“ за јужнокорејскиот пазар, автомобил кој кај нас е познат како „Elantra“. Покрај естетските промени, редизајнираната верзија во понудата ќе има и нова погонска единица.

Иако е прикажано возило кое наменето за корејскиот пазар, „Elantra“ која се продава во Европа исто така би требало да претрпи слични козметички промени.

Покрај редизајнираниот преден и заден браник, маската на ладилникот и графиката на предните и задни светлосни групи, автомобилот е продолжен за 20 mm или на 4,55 m. Зголемувањето на една од димензиите нема да влијае на комфорот на патниците со оглед дека се продолжени предниот и задниот браник за 5, односно за 15 mm.

avante2

Покрај тоа, моделот за 2014-та година има и „LED“ дневни светла, а ќе биде достапен и со нови двобојни 17-инчни алуминиумски фелни.

Одредени интервенции се извршени и во кабината. Средишните вентилациски отвори се подигнати, исто како и предниот централен потпирач за раце.

Редизајнираниот модел има и седишата со вентилација, како и нов екран во боја на централната конзола, „Flex Steer“ систем за подесување на „цврстината“ на управувачот и „Smart Parking Assist System“ со симптоматична скратеница „SPAS“.

avante3

Покрај постоечкиот 1.6 литарски бензински агрегат со 132 ks (97 kW), „Hyundai Avante/Elantra“ ќе добие и 1.6 литарска дизел единица со 128 ks (94 kW) и 279 Nm максимален вртежен момент.

Од „Hyundai“ велат дека така опремен автомобил во пар со мануелен менувач троши просечно 5,4 l/100 km, додека потрошувачката кај автоматик верзијата може да порасне до 6,2 литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП