12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскапеа цените на вакцините против „Ковид -19“

Поскапеа цените на вакцините против „Ковид -19“

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“ ги зголемија цените на своите вакцини против „Ковид -19“ во најновите договори за снабдување со земјите -членки на ЕУ.

Таа информација неодамна ја објави Фајненшл тајмс.

Новата цена за вакцината „Фајзер“ сега изнесува 19,50 евра, наспроти 15,50 евра, како што беше порано, објави весникот, повикувајќи се на делови од договорот што ги добиле на увид.

Според Јутарњи лист, новата цена на вакцината на Модерна по доза сега изнесува 25,50 долари (21,50 евра), а според првиот договор изнесувала околу 19 евра, но тоа е помалку од претходно договорените 28,50 долари (24 евра), бидејќи нарачката е зголемена во квантитет, се вели во извештајот кој се повикува на службено лице запознато со потпишувањето на договорот.

Европската комисија во вторникот објави дека ЕУ е на пат да ја постигне целта – целосно вакцинирање на најмалку 70% од возрасната популација до крајот на летото.

Во мај, ЕУ соопшти дека очекува да прими повеќе од милијарда дози вакцини од четири производители до крајот на септември.

Ниту Фајзер, ниту Модерна не беа веднаш достапни за коментар, пишува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП