24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР и партнерите со поддршка на зелените инвестиции и бизнисите во Северна...

ЕБОР и партнерите со поддршка на зелените инвестиции и бизнисите во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува нови €5 милиони финансиски пакет за Шпаркасе банка Македонија АД Скопје преку Финансиската програма за зелена економија  за Западен Балкан (WB GEFF II) за кредитирање на домаќинствата во Северна Македонија  кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност.

Средствата ќе бидат достапни за инвестиции со зелени технологии, материјали и решенија со високи перформанси, за згради и куќи за домување во приватна сопственост. По успешното имплементирање на проектитекорисниците ќе можат да добијат до 20% поврат од вредноста на искористениот кредит, поддршка обезбедена од ЕУ.

ЕБОР обезбеди и €20 милиони за Шпаркасе банка, од Програмата за споделување на ризикот, со што ќе гарантира до 50% од постоечката и новата корпоративна изложеност на Шпаркасе, намалувајќија потребата за капитал, за тие изложености. Програмата ќе го зголеми капацитетот на Шпаркасе за финансирање на дополнителни проекти од зелената економија.

€2 милиони се од ГЕФФ 2 (GEFF II) програмата, и беа одобрени на Охридска банка, која се спои со Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР Северна Македонија, изјави: ,,Се радуваме на соработката со Шпаркасе во нејзината нова структура. Тие се докажан партнер на ЕБОР, со одлична историја на испорачување резултати, и очекуваме да ја продолжиме оваа одлична соработка и заедничките напори во зголемување на позитивните влијанија во земјата. Продолжуваме да ги поддржуваме инвестициите кои придонесуваат за зелената транзиција. Со потпишување на првата Програма за споделување на ризикот, во Северна Македонија, очекуваме да обезбедиме натамошно поттикнување на македонските бизниси, обезбедувајќи им подобар пристап до финансирање, со цел да им помогнеме да се опорават од пандемијата на корона вирусот и да ја подобрат конкурентноста.”

Дејвид Гир, Претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје изјави: ,,Со овозможување на услови за трансформирањето на енергетски ефикасни згради можеме значајно да придонесеме кон климатските цели, и да им помогнеме на домаќинствата и бизнисите да ги намалат дневните трошоци. ГЕФФ Програмата обезбедува финансиска поддршка на ваквите инвестиции, и на зголементото користење на обновливата енергија. Тоа е дел од пошироката поддршка на ЕУ во однос на  имплементација на целите за енергетска ефикасност на Западен Балкан и обновувањето по економскиот пад предизвикан од пандемијата на Ковид-19. ”

Глигор Бишев, Претседател на Управниот Одбор, Шпаркасе банка Македонија , додаде: ,, Ги препознаваме предностите и бенефитите во финансирање на проектите за подобрување на енергетската ефикасност во Северна Македонија, и генерираме заштеди на енергијата на локалните пазари. Зелените кредити за промовирање на енергетската ефикасност комбинираат бенефити за домаќинствата, добавувачите на технологиите за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, која е во фокус на стратегијата за корпоративна општествена одговорност. ”

ГЕФФ Програмата е клучната поддршка за подобрување на енергетската ефикасност во регионот. Таа ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, и нуди финансирање на инвестиции во зелена енергија за станбениот сектор, како и за бизнисите кои обезбедуваат енергетска ефикасност и производи за обновлива енергија и услуги за домаќинствата. Неодамна, заради растечката побарувачка, фондот на оваа програма беше зголемен на €135 милиони.

ГЕФФ Програмата се имплементира под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан , ко-финансирана од грантови од Европската Унија, Инвестициската рамка за Западен Балкан  и Австриското федерално Министерство за финансии . Донаторите ја обезбедуваат критичната поддршка на ГЕФФ проектите, кои се справуваат или градат отпорност за справување на ефектите од климатските промени и другите еколошки закани.

Програмата за споделување на ризикот  (RSF) е една од трите клучни финансиски програми на Иницијативата за мали бизниси на ЕБОР, програма наменета за поддршка и развој на локалните приватни компании во економиите во кои инвестира. RSF е креирана на начин кој и дозволува на ЕБОР да ја споделува изложеноста на банките кон локалните компании, преку финансирање или преку издавање на гаранции.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,1 милијарди преку 146 проекти во земјата. Поддршка на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи тоа е еден од најголемите предизвици во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП