4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродадено детското одморалиште на Голак

Продадено детското одморалиште на Голак

golak

Делчевската компанија „Фротекс“ стана нов сопственик на старата зграда на Детското одморалиште на планината Голак по уплатата на 35 илјади евра на сметката на Министерството за труд и социјална политика.

Според изјавите на новите сопственици, старото детско одморалиште што се наоѓа во близина на манастрирот „Св.Панталејмон“, ќе биде реновирано и наскоро ќе се вклучи во туристичката понуда.

Објектот зафаќа 582 метри квадратнии корисна површина, има сопствен ресторан и е лоциран сред густа борова шума на околу 1.300 метри надморска височина.

Веднаш до овој се наоѓа уште еден, трипати поголем објект, ново детско одморалиште, изградено од некогашната СИЗ за детска заштита, но бидејќи за него нема легална документација неколкуте тендери за продажба пропаднаа. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП