24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска оаза на авантуристичкиот туризам: Општина Крушево ги претстави резултатите од потпроектот...

Македонска оаза на авантуристичкиот туризам: Општина Крушево ги претстави резултатите од потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“

Градоначалникот на Крушево Томе Христовски пред повеќе домашни и странски гости, меѓу кои и раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ), Никола Бертолини, денеска ги претстави резултатите од потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“ кој се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) и е финансиран од Европската Унија. Реновирана спортска сала со ѕидови за болдеринг и клајмбинг, обележени велосипедски патеки со вкупна должина од 40 км, поставени сувенирници на Гумење, опремена и обучена спасувачка служба во комбинација со надградени знаења на туристичко угостителскиот сектор во Крушево се само дел од резултатите на пот-проектот Кругот на адреналинот.

Љубителите на адреналинот веќе го препознаваат Крушево како врвна дестинација за туризам, поради погодната клима и атрактивните предели во регионот кои отвораат многу можности за уникатни приказни и авантури. Со новата инвестиција од ПЛРК, опциите за адреналински туризам дополнително се зголемуваат, а од Општината сметаат дека тоа ќе придонесе и кон привлекување на повеќе туристи во овој регион.

Како дел од потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“ е реновираната спортската сала, на која дополнително се поставени и ѕидови за болдеринг и клајмбинг. Моментално се инсталира систем за греење, вентилација и климатизација во спортската сала во Крушево со цел да се озвозможи функционалност на салата во текот на целата година. Оние посетители кои сакаат подобро да се запознаат со природата на Крушево сега ќе можат да го истражуваат овој крај многу полесно, со новите обележани велосипедски и пешачки патеки. Поставени се и информативни табли и знаци кои ќе им помогнат на посетителите полесно да се ориентираат во околината. Вкупниот буџет за потпроектот изнесува 44.971.793,00 денари, од кои 38.899.083,00 денари се обезбедени од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а 6.072.710,00 денари беа инвестирани од страна на Општина Крушево.

„Благодарение на проектот успеавме да ја збогатиме туристичката понуда на општина Крушево со посебен фокус на активниот туризам. Сега имаме содржини со кои нудиме активности по примерот на многу балкански и европски дестинации и со тоа ја зголемуваме локалната и регионалната конкурентност. Резултатите се евидентни најмногу по зголемување на посетеноста. Имаме најави за спортски подготовки, за организирање на „аутдор“ фестивали и генерално повеќе активни туристи кои сакаат да ги користат велосипедските патеки, карпите за искачување, спортската сала и другите содржини. Истовремено, со поставувањето и работата на сувенирниците се зголемува популарноста на самиот локалитет, а инсталирањето.

на системот за греење и ладење овозможува пречек на гости и користење на салата и во летниот и во зимскиот период. Се на се, Проектот е еден од најголемите и најважните за општина Крушево во изминатите неколку години. Овој Проект овозможува долгорочност на општина Крушево како туристичка дестинација“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Проект за локална и регионална конкурентност

Проектот за локална и регионална конкуретност е водечки проект за развој на туризмот во државата преку кој се поддржани 57 потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот во сите 10 туристички дестинации низ земјава. Целта на проектот е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.

Проектот за локална и регионална конкурентост е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, се администрира од страна на Светска Банка, а се спроведува од страна на Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП