19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната почна консултации за отпуштање на трета програма за помош на Грција

Еврозоната почна консултации за отпуштање на трета програма за помош на Грција

evrozona-grcija

Еврозоната почна првични консултации за отпуштање на трета програма за антикризна помош на Грција, најверојатна во вредност од над 50 милијарди евра, изјави анонимен европски извор, јави ИТАР-ТАСС.

Според него се разгледува и можноста за делумно отпишување на грчкиот долг.

Можноста за доставување на трет тригодишен пакет најверојатно ќе биде разгледана на седница на Еврогрупата во септември, додаде европскиот претставник.

Според него најдоброто сценарио е буџетскиот дефицит на Грција во 2014 година да изнесува околу 4,5 милијарди евра, а во 2015 година над шест милијарди во услови Атина да ги добие во целост сите средства од втората антикризна програма вредна 130 милијади евра. Втората програма беше усвоена 2012 година за пероиод до крајот на 2014 година.

Грција, според експертите, самата нема да може да ги пополни финансиските дупки, бидејќи се уште не се гледаат можностите за нејзиното враќање на финансиските пазари.

Првата тригодишна програма за Грција беше усвоена во 2010 година во вредност од 110 милијарди евра, од кои две третини обезбедија земјите од еврозоната, а една третина Меѓународниот монетарен фонд. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП