26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа колку време лековите против болка почнуваат да делуваат

За колку време лековите против болка почнуваат да делуваат

Еве колку време е потребно за после испиен ибупрофен или парацетамол да почувствате олеснување.

На лековите против болки на база на ибупрофен или парацетамол потребни им се околу 30 минути да „проработат“ од моментот кога сте ги испиле.

За половина час, таблетата се разградува во стомакот, така што активните состојки ќе можат да дојдат до крвта.

Доколку ибупрофен се користи како антиинфламаторен лек, кај хроничните состојби како што е да кажеме артритисот, можете да очекувате значајно ублажување на симптомите по три недели.

Но, доколку пиете ибупрофен, немојте да заборавите дека тој мора да се зема или со орбок или непосредно по оброкот. Ако го пиете на празен стомак, можете да предизвикате иритација на желудникот.

Ако ви е потребно нешто што ќе делува побрзо, можете да се обидете со сирупите на база на ибупрофен или парацетамол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП