10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина на пат да стане најголемиот нето увозник на нафта во светот

Кина на пат да стане најголемиот нето увозник на нафта во светот

A Chinese worker checks the valve of a g

Кина веќе во октомври би можела да ги премине Соединетите Американски Држави и да стане најголем нето увозник на нафта на светот, со оглед на растот на кинеската побарувачка и паралелното зголемувањето на американското производство, покажуваат американските податоци.

Наредната година кинескиот увоз на нафта ќе го надмине оној на САД на годишно ниво, а јазот ќе продолжи да се зголемува, објави американската влада.

Кина веќе сега е најголем потрошувач на енергија во светот и втор по големина потрошувач на нафта, зад САД.

Промената на врвот на оваа листа се темели на постојаниот раст на кинеската побарувачка, зголеменото производство на нафта во САД, како и стагнацијата на побарувачката на американскиот пазар, се наведува во извештајот.

Графиконот на американската влада покажува дека кинескиот нето увоз континуирано расте, додека американскиот опаѓа со забрзано темпо.

Главен мотор на растот на производство на нафта во САД е зголемената употреба на контроверзниот метод на хидраулично фрактурирање, со кое нафтата и гасот се вадат во шкрилци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП