Пазарот на криптовалути расте 10 дена по ред. Според Коиндеск, по 3 месеци загуби, во јули, биткоинот ја вратил својата вредност за над 18 проценти и во моментов се тргува по цени повисоки од 41.000 долари.
Во последните 24 часа, вредноста на најпознатата криптовалута порасна за 0,35 проценти и во моментов се тргува по цена од 41.748 долари.

