27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„PayPal“ ја појасни тешката разделба со „eBay“

„PayPal“ ја појасни тешката разделба со „eBay“

Цената на акцијата на „PayPal Holdings“ падна во Њујорк по предупредување дека „еBay“ ги повлекува плаќањата од својата платформа побрзо отколку што првично очекуваше технолошкиот гигант, пишува „Bloomberg“.

Ова се покажа како бариера за приходите, кои се зголемија за 17% до 6,24 милијарди долари, под просечната прогноза на аналитичарите од 6,27 милијарди долари и под прогнозата на компанијата пред три месеци. „PayPal“ соопшти дека очекува приходите во третиот квартал да бидат 6,25 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите од 6,45 милијарди долари.

„PayPal“ се бори со загубата на „eBay“, нејзината поранешна матична компанија, откако двете во 2018-та година одлучија да го прекинат своето долгогодишно партнерство.

„Отсекогаш знаевме дека „eBay“ ќе ги повлече плаќањата надвор од „PayPal“, но прашање на време е“, рече извршниот директор Ден Шулман. „Тоа се случува побрзо отколку што очекувавме“, додава тој.

Акциите на компанијата паднаа за 6% до 283,87 долари во Њујорк во текот на вчерашниот ден. Ова е најголемиот пад од 5-ти март. Од почетокот на годината, цената на акцијата се зголеми за 21%, надминувајќи го напредокот од 18% на „S&P 500 Information Technology Index“.

И покрај повлекувањето на „eBay“, платежниот гигант во четвртокот рече дека сѐ уште очекува годишниот приход да порасне за скоро 18,5%, без валутните флуктуации. Исто така, ја потврди прогнозата дека ќе додаде 55 милиони активни корисници во оваа година.

Вкупните плаќања на компанијата пораснаа за 40 проценти до 311 милијарди долари во вториот квартал, над очекувањата на аналитичарите и над границата од 300 милијарди долари за прв пат во квартал. Компанијата предвидува дека обемот ќе се зголеми за скоро 35% во оваа година, во споредба со скоро 30% што претходно ги очекуваше „PayPal“.

Вториот квартал беше „уште еден исклучително силен квартал за „PayPal“, и покрај недостатокот на силни резултати на почетокот на пандемијата, иако резултатите беа засенети од побрзото од очекуваното објавување на „eBay““, рече Лиза Елис, аналитичар во „MoffettNathanson“.

Супер апликација

„PayPal“ е во процес на промена на својата апликација, бидејќи се обидува да стане следната супер-апликација во светот, каде што корисниците ќе можат да управуваат со своите финансии, да ги платат сметките и да пазарат на едно место. Компанијата го заврши кодот за апликацијата, рече Шулман, додавајќи дека првичната верзија ќе вклучува можност за корисниците да испраќаат пораки.

„PayPal“, познат по копчето за купување на страници за онлајн трговија низ целиот свет, ги прошири своите понуди во последниве години. Сега им овозможува на потрошувачите да купуваат, продаваат и чуваат криптовалути, и им овозможува на потрошувачите да ги поделат плаќањата на четири рати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП