28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛегализацијата на земјоделски објекти се пролонгира за една година

Легализацијата на земјоделски објекти се пролонгира за една година

pole_3

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски во рамките на денешната работна посета на општина Василево најави пролонгирање на законскиот рок за легализација на земјоделски објекти за уште една година.

– Со цел да им излеземе во пресрет на сите земјоделци и стопанственици, кои од една или друга причина во минатото изградиле бесправни објекти, Владата на предлог од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе измена во Законот за легализација на земјоделски објекти, штали и оранжерии и изврши пролонгирање на законскиот рок за уште една година.

Во изминатиот период, според податоците од нашето Министерство, се поднесени вкупно 80 барања за легализација, од нив на 35 позитивно им е одговорено и сопствениците добија тапија за своите објекти, истакна заменик-министерот Коњановски.

Надлежната комисија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по летните одмори ќе излезе на терен и ќе ги разгледа останатите 45 барања за легализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП