25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ претстави уште две верзии на „Q4 e-tron“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Audi“ претстави уште две верзии на „Q4 e-tron“ (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител „Audi“ ја комплетираше гамата на своите електрични кросовери „Audi Q4 e-tron“ и „Q4 Sportback e-tron“, чија продажба започна на почетокот на летото, со уште две нови модификации. Нивните цени се веќе познати, а дилерите на брендот веќе прифаќаат нарачки за нив.

Тековната верзија „Q4 40 e-tron“ со еден електричен мотор со 204 ks на задната оска и батерија со капацитет од 77 kW/h претходно беше достапна само во традиционалната верзија, но сега е достапна како крос-купе. И бидејќи „Sportback“ е поефикасен во однос на аеродинамиката, може да помине 534 километри (според циклусот „WLTP“) со едно полнење.

Ова е 14 километри повеќе од стандардниот „Q4“ со истата единица, што ја претвора купе модификацијата во рекордер според километражата во семејството. Цената на овој модел е 49.500 евра.

Другата новина е додавање на уште една модификација со погон на четири тркала – „Q4 45 e-tron quattro“. Таа има 265 ks и се приклучува на претходно понудениот „Audi Q4/Q4 Sportback 50 e-tron quattro“, кој развива 299 ks.

Новата верзија ќе биде достапна само во традиционалната верзија на каросеријата, забрзувајќи од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди – 0,7 секунди побавно од „Audi Q4 50 e -tron quattro“. Километражата е речиси идентична – 490 километри, а цената на електричниот теренец во оваа модификација започнува од 50.900 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП