29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАЦДЦ: Вакцинираните го шират делта сојот во иста мера како и невакцинираните

ЦДЦ: Вакцинираните го шират делта сојот во иста мера како и невакцинираните

Целосно вакцинирани лица може да ја шират делта варијантата на коронавирусот со иста брзина како и невакцинираните луѓе, се вели во интерниот документ на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Директорката на ЦДЦ Рошел Валенски ја потврди автентичноста на овој сè уште необјавен документ.

„Мислам дека луѓето треба да разберат дека овде не претеруваме. Ова е сериозно. Тој е еден од најпреносливите вируси за кои знаеме “, рече Валенски.

Центарот денеска треба да објави податоци кои ќе ја поддржат контроверзната одлука на ЦДЦ за промена на упатствата за целосно вакцинирани лица, а директорот на таа институција во вторникот рече дека ЦДЦ препорачува дури и целосно вакцинирани луѓе да носат маски во затворени простории.

Валенски, исто така, нагласи дека секој во училиштата – учениците, вработените и посетителите секогаш треба да носат маски.

„Мерките што ни се потребни за да ја ставиме под контрола пандемијата се екстремни“, рече тaa, додавајќи дека податоците во извештајот не се изненадувачки.

Сепак, документот исто така посочува дека вакцинираните лица се побезбедни, бидејќи вакцините спречуваат повеќе од 90 проценти од сериозни болести. Проблемот со вакцините против коронавирус е што тие се помалку ефикасни во спречување на инфекцијата и пренесувањето на вирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП