7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната конечно излегува од рецесија

Еврозоната конечно излегува од рецесија

euro4

Индустриското производство во 17-члената еврозона заздравело во јуни, што е уште еден показател дека европскиот монетарен блок конечно излегува од рецесијата.

Додека резултатите од економскиот раст од вториот квартал се очекуваат утре, денешниот извештај на Европскиот завод за статистика, Евростат, покажува дека индустриското производство во јуни пораснало за 0,7 проценти, во однос на мај, кога се намалило за 0,2 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Во однос на јуни минатата година, индустриското производство пораснало за 0,3 проценти, додава Евростат.

На ниво на 27-те членки на ЕУ, производството во јуни пораснало за 0,9 проценти во однос на мај, кога се намалило за 0,4 проценти. На годишно ниво, индустриското производство е зголемено за 0,4 проценти.

На месечно ниво, најголем раст е евидентиран во Ирска (8,7 проценти), потоа Романија (5,7 проценти) и Полска (3,1 процент).

Најголемата европска економија, Германија, и презадолжената Грција забележале раст од по 2,5 проценти. Индустриското производство, од друга страна, во Холандија е намалено за 4,1 процент, во Португалија за 2,8 проценти и во Франција за 1,5 проценти.

На годишно ниво, најголем раст на производството забележале Романија (9,6 проценти), Полска (5,3 проценти) и Естонија (4,7 проценти). Најголем губитник била Финска, со пад на производството од 5,9 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП