15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија највисока во 2013

Инфлацијата во Германија највисока во 2013

germanyinflation1

Стапката на инфлација во Германија продолжи да се зголемува во јули и го достигна највисокото ниво за оваа година, соопшти германскиот Завод за статистика.

Трошоците за живот минатиот месец се зголемија за 1,9 проценти на годишно ниво, во однос на 1,8 процентниот раст од јуни, наведува Заводот, пренесува агенцијата Франс прес.

Растот на инфлацијата е поттикнат пред се од цената на храната, додаваат од Заводот.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП), кое како мерило за инфлација го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во јули исто така изнесувала 1,9 проценти.

ЕЦБ смета дека постои ценовна стабилност кога растот на ХИЦП изнесува нешто помалку од два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП