26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДончиќ бара од организаторите на Олимписките игри да го гледа мечот Ѓоковиќ-Зверев

Дончиќ бара од организаторите на Олимписките игри да го гледа мечот Ѓоковиќ-Зверев

Лука Дончиќ има голема желба во живо да го гледа полу-финалниот меч на Новак Ѓоковиќ.

Словенија денес има слободен ден на кошаркарскиот турнир, утре ќе игра за првото место во групата против Шпанија. Слободниот ден, ѕвездата на Далас Маверикс, сака да го искористи за да го погледне полу-финалето Ѓоковиќ-Зверев.

На Твитер, Дончиќ, побарал помош.

„Како можеме да одиме за да ги гледаме полу-финалните мечеви во тенис? Ве молам за помош“, им се обратил Дончиќ на организаторите на Олимписките игри.

Сепак, правилата се јасни, учесниците не можат да ги гледаат натпреварувањата во другите спортови.

Ѓоковиќ, околу 10 часот ќе го започне дуелот со Зверев, а потоа ќе игра и во полу-финалрто на мешани двојки заедно со сонародничката Нина Стојановиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП