17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТри лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија(ВИДЕО)

Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија(ВИДЕО)

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина на Анталија, на југот на Турција.

Евакуирани се 20 градски области и соседните села, 112 лица се повредени, од кои 58 се хоспитализирани, главно поради труење со чад.

Министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, рече дека пожарот што избувна вчера е ставен под контрола и дека денеска не се загрозени имоти и луѓе.

Српската пејачка Јелена Карлеуша е една од туристите што се најдоа во Турција за време на оваа голема катастрофа. Таа објави видео од брод со кој се евакураиле гостите од хотелот над кој се гледаат пламени јазици.

Еден противпожарен авион, 19 хеликоптери, околу 250 возила и 960 лица биле дел од гаснењето на пожарот. Властите евакуираа 18 села во одморалиштето Анталија, а уште 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин.

Телевизиските снимки во Турција пренесуваат слики од опожарени станбени згради и луѓе што бегаат од полињата додека пожарникарите се борат со огнот.

Официјалните лица изјавија дека пожарите биле најголеми досега. Пакдемирли рече дека од вторникот се пријавени 41 пожар во 13 од 81 покраина во Турција, од кои 31 се ставени под контрола.

Турција се бори со серија катастрофи предизвикани од екстремните временски услови ова лето вклучувајќи ги и поплавите минатиот викенд, во кои загинаа шест лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП