16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„PS5“ е најбрзо продаваната конзола во историјата на „Sony“ - веќе се...

„PS5“ е најбрзо продаваната конзола во историјата на „Sony“ – веќе се продадени 10 милиони примероци

Компанијата откри дека продала 10 милиони „PS5“ конзоли до 18-ти јули, осум месеци по премиерата на 12-ти ноември.

На тој начин, „PS5“ стана најбрзо продаваната конзола досега, надминувајќи ги продажните бројки на „PS4“ за речиси еден месец. „Sony“ верува дека ова во никој случај не е мал подвиг со оглед на пандемијата и постојаниот недостаток на чипови, што наводно ја попречи продажбата на конзоли.

„Прерано е да се каже на кои пазари конзолата се продава најдобро, со оглед на големата побарувачка“, рече шефот на „PlayStation“, Џим Рајан во интервју за „GamesIndustry.biz“, но истакна дека кинескиот пазар е пријатно изненадување.

Компанијата ги продаде сите залихи од почетокот на производството на „PS5“, како што рече, „многу, многу брзо“, и покрај тоа што локалниот пазар беше фокусиран на игри за мобилни телефони и модели на деловни игри кои се бесплатни за играње.

Сепак, дури и ако „Sony“ успее брзо да го надмине недостатокот на хардвер, сепак недостасуваат ексклузивни наслови за „PS5“ надвор од „Ratchet & Clank: Rift Apart и Returnnal“, пишува „Engedget“.

Најголемите игри имаат тенденција да добијат подобрени верзии на игри достапни за „PS4“, како „Spider-Man: Miles Morales“, па дури и претстојните блокбастери како „Horizon Forbidden West“ ќе имаат изданија за „PS4“.

Иако побарувачката сѐ уште изгледа висока, можеби нема да има многу дополнителен поттик за купување на „PS5“ додека „Gran Turismo 7“ и други ексклузивни наслови не се појават на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП