2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоин над 40.000 долари

Биткоин над 40.000 долари

По благиот пад на вредноста завчера, пазарот на криптовалути утрово е зелен и бележи благ раст.

Цената на биткоинот утрово изнесуваше 40.049 долари, што е зголемување за помалку од еден процент за 24 часа во споредба со вчера, кога сите криптовалути пораснаа за над 10 проценти.

И eтерот е во зелена боја. Се тргува по цена од 2.309 долари.

Извршниот директор на Delta Exchange, Панкај Балини, изјави за Coindesk дека биткоинот ќе продолжи да расте и ќе го тестира горниот крај на опсегот на тргување од 30.000 до 42.000 долари. Тој посочува дека очекува слични потези во тргувањето со алткоини предводени од етерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар