Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхан Гебрејесус во Кувајт за да се договорат за подготовка на дополнителни студии поврзани со откривање на она што ја предизвика пандемијата на коронавирус.
„На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и спроведена од експерти на кои нема да може да им се влијае“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

