5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola е измислена во Шпанија?

Coca-Cola е измислена во Шпанија?

28.48%

Секој кој ќе посегне по ладна лименка „Coca-Cola“ ова лето, треба да и оддаде почит на малата запуштена фабрика во градот Аиело де Малферит во Шпанија, пишува „Der Spiegel“.

Неколкуте работници што работат во оваа фабрика произведуваат „Nuez de Kola Coca“, алкохолна верзија на познатиот газиран пијалок и тврдат дека оргиналниот рецепт потекнува од нив. Тие се чувствуваат измамени, и секако, лишени од многу, многу пари.

Тројца локални жители ја основале фабриката во 1880 година, по што почнале да произведуваат пијалоци од плодови од дрвата и листови од кока.

Нивниот пијалок набрзо почнал да добива награди по светот, вклучувајќи ја наградата за Кола кока во Филаделфија во 1885 година.

Можеби во прашање е случајност, а можеби и не – но година дена подоцна, фармацевтот Џон Пембертон влезе во историјата како создавач на „Coca-Cola“.

Без поголеми изненадувања, сопственикот на фабриката во Шпанија не мисли дека е случајност.

„Во тоа време беше многу лесно да копирате некој пијалок“, тврди тој.

Овие компании продолжиле по своите патеки се до 1953 година кога „Coca-Cola“ стигнала во Шпанија и го купила правото за користење на името „Coca-Cola“ за релативно мала сума на пари и и дозволила на шпанската компанија да продолжи да прави пијалоци но само во алкохолна верзија.

Неколку децинии подоцна, фабриката денес има севкупно 4 вработени и веројатно нема да потрае уште една генерација.

„По тоа што се случи, ова поглавје во историјата најверојатно ќе биде завршено еднаш за секогаш“, тврди сопственикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП