3 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАСестрата на Роналдо велеше КОВИД е измама, заглави во болница со пневмонија

Сестрата на Роналдо велеше КОВИД е измама, заглави во болница со пневмонија

Катја Авеиро, сестрата на португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо е хоспитализирана со пневмонија откако доби КОВИД-19, иако претходно ја нарекуваше болеста „најголемата измама на светот“.

Авеиро преку Инстаграм потврди дека била позитивна на 17 јули и дека се опоравувала во изолација, пред состојбата да и се влоши и да биде однесена во болница со пневмонија.

„Не сакав да се јавувам со вакви вести, но во знак на почит за тие кои се грижат ќе ја споделам вистината. Ме фати проклетиот вирус. Бев во изолација и бев добро со малку симптоми, и за среќа мојата мајка не беше тука. Благодарам на луѓето во болницата во Фуншал, но ќе продолжам со истите мисли и верувања. Нема да ме сруши вирус поставен од алчноста на оовј свет, иако иронично тој дојде во мојот свет“, напиша Авеиро.

43-годишната Авеиро, со полно име Лилијана Катја Переира Сантош Авеиро, претходно беше пејачка под името „Роналда“. И нејзиниот брат претходно беше позитивен на КОВИД, но немаше симптоми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП