5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIkea преминува на енергија од ветер

Ikea преминува на енергија од ветер

ikea2

Најпознатиот производителна мебел, „Ikea“,  се стекна со четири ветерници на северозападот на Ирска во местото Леитрим, јавува ирската радиотелевизија „RTE“.

Силата на ветерниците, кои ќе почнат со работа следната година, изнесува 25 гигават-часови. Тоа ќе биде доволно во потполност да ги задоволи потребите за електрична енергија на две продавници на „Ikea“ – во Даблин и во Белфаст.

Претставничката на компанијата, Џоана Џароу, рече дека користењето на енергија од ветерот не само што ќе влијае на намалувањето на емисиите од јаглеродниот диоксид во атмосферата, туку и значително ќе ги намали трошоците на компанијата.

Преминувањето на обновливите извори на енергија ќе и овозможат на компанијата од 2020 година да стане во потполност независна во поглед на енергијата, рече Џароу.

„Ikea“ минатата година го претстави планот кој предвидува дека за седум години компанијата ќе помине исклучиво на чисти извори на енергија. Компанијата планира да вложи 1,5 милијарди евра во изградба на ветерни и соларни електрани во целиот свет.

Сега „Ikea“ има повеќе од 100 ветро-паркови во Велика Британија, Германија, Франција, Полска, Данска и Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП