29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНепријатна појава која ја игнорираме поради срам

Непријатна појава која ја игнорираме поради срам

Неуредната и нездравата исхрана, предолгото седење и стресот се причина за појава на хемороидите, за кои не се зборува бидеќи за многу луѓе нивното спомнување е непријатно.

Хемороидите се едни од најчестите здравствени проблеми кај младата популација, тоа е непријатна појава предизвикана од современиот начин на живеење.

Што се хемороиди и од кои причини се појавуваат?

Сунѓерливите перници на ректалениот канал исполнет со крв играат голема улога во затворањето на аналниот канал. Не постојаното движење, не здравата исхрана, бременоста и запекот предизвикуваат зголемен притисок на вените по што доаѓа до собирање на крвтта и болен оток.

Симптоми кои не треба да се игнорираат

Рчење, чувство на внатрешен притисок, болен оток, како и крварење се симптоми кои укажуваат на појава на хемороиди, во никој случај не треба да се игнорираат туку, веднаш треба да се обратите кај вашиот лекар, а ако ви се појават хемороиди кои не се повлекуваат по третманот, голема е можноста тоа да не се хемороиди веќе нешто сосема друго.

Тоа можат да бидат знаци кои укажуваат на Кронова болест, станува збор за хронично воспалителен процес на тенкото црево што се карактеризира со стеснување на цревото.

Во таков случај, ќе треба да се консултирате со гастроентеролог и да ги извршите сите неопходни тестови.

Надворешни и внатрешни хемороиди

Надворешните се поставени долж работ на анусот и прекриени со осетлива кожичка. Кога во еден од нив ќе се развие тромб, се појавува оток на излезот од аналниот канал. Тие се доста непријатни доколку се под притисок во тој случај пукаат и крварат.

Внатрешните хемороиди се развиваат во внатрешноста на анусот и се манифестираат преку крварење и вдлабнатини за време на празнењето. Тие стануваат непријатни ако се стегнат и не можат да се вратат во аналниот канал што предизвикува силна болка и крварење.

Терапии и превенции

Според истражувањата дури 60% од луѓето имаат проблеми со хемороидите. Кога станува збор за хемороидите потребна е стручна помош, а постојат случаеви кога тие сами се повлекуваат поради промена во исхраната, односно поради консумирањето на храна која е богата со влакна, а голема улога има и физичката активност и што помалиот напор при вршење на голема нужда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП