26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го потврдија пристигнувањето на Варан

Јунајтед го потврдија пристигнувањето на Варан

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид потврдија дека Рафаел Варан се сели на „Олд Трафорд“, за Оле Гунар Солскјер да го добие второто големо засилување ова лето по пристигнувањето на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

28-годишниот централен бек, кој е постојан француски репрезентативец, пристигнува за 34 милиони фунти.

„Манчестер јунајтед се презадоволни што можат да објават дека се договорија со Реал Мадрид за трансфер на францускиот дефанзивец и освојувач на Светско првенство, Рафаел Варан, условено со поминувањето на медицинскиот тест“, се вели во објавата на Јунајтед.

Според порталот „Гол“, Јунајтед ќе плати 34 милиони фунти плус 7 милиони фунти во бонуси, додека Реал Мадрид ќе исплати солидарен износ од 1 милион фунти на поранешниот клуб на дефанзивецот, Ленс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП