28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови мерки на Јадранот - откажани се големите настани

Нови мерки на Јадранот – откажани се големите настани

Новите епидемиолошки ограничувања стапија на сила на Јадранот, а големите настани веќе се одложуваат, додека новите мерки ќе бидат на сила до 15 август.

Според новите правила, кои стапија на сила во понеделникот, сите настани на Јадранот ќе траат до полноќ.

На јавни собири без ковид сертификат, може да има до 50 лица, а со потврда до 1000. На приватни настани, вклучително и свадби, без ковид сертификат, смеат да присуствуваат до 15 лица, пренесуваат хрватските медиуми.

Саеми на отворено може да се одржат само со согласност на локалните власти или регионот.

Спортски натпревари со гледачи се дозволени доколку сите имаат сертификат. Од техничкиот и организацискиот персонал, па се до гледачите.

Единствено, како што објавија медиумите, со согласност на Националниот штаб, може да се одржи собир со повеќе од 1.000 луѓе.

„Сега имаме ситуација кога има многу случаи на пневмонија и разни други вируси и кај млади и стари лица кои не се ковид, но тие можат да придонесат ковид да стане поагресивен“, рече Тања Старај Бајчиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје во округот Приморје-Горски Котар.

Од денес се воведуваат построги мерки и во Словенија.

Во рестораните, казината, спортските обложувалници, туристичкото сместување, како и некои активности на отворено, не се можни без ковид сертификат или негативен тест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП