2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕве како Гејтс го победи Џобс

Еве како Гејтс го победи Џобс

stiv22

Ривалството помеѓу Бил Гејтс и Стив Џобс во компјутерската индустрија доминираше со децении.

Денес, кога едниот од нив е починат, а другиот е надвор од светот на финансиите – победата на Гејтс е очигледна.

Причината за победата на Гејтс не треба да ја бараме во генијалноста, туку во вештината за финансиско шпекулирање, која Џобс, за разлика од Гејтс, никогаш не ја имаше.

Производителот на „Windows“ никако не е поуспешна компанија од „Apple“, не и е ниту блиску. „Microsoft“ на берзата вреди неверојатни 280 милијарди долари, но „Apple“ далеку го надминува со вредност од вртоглави 400 милијарди долари. Причината за тоа е во тоа што „Microsoft“, кој е лидер во производството на PC, никогаш не бил подготвен да експериментира како „Apple“ со мобилни телефони и таблет компјутери.

stiv223

Па поради што тогаш Гејтс е побогат од Џобс?

Сопствениците на „Microsoft“ направија одлична работа кога успеаа да го задржат поголемиот дел од акциите на компанијата откако истата за прв пат беше понудена на берзата, додека пак Џобс, од друга страна, изгубил голем број на акции во „Apple“ кога беше „изигран“ од компанијата.

Потоа, сопственикот на „Apple“ во 1986 година ги купил акциите на „Pixar“, компанија која ни е добро позната по анимираните филмови. Успехот во „Pixar“ му даде ветер во грбот на Џобс за враќање во матичната компанија „Apple“, но и по враќањето тој бил сопственик само на дел од компанијата.

stiv224

Конечниот пех на Стив Џобс се случил по низата нелегални работи кои компанијата ги преземала за да го врати на чело и покрај интересите на акционерите, Џобс до крајот на животот морал да работи во „Apple“ за само еден долар годишно.

Всушност, Џобс на листата на екстремно богати не го држел „Apple“, туку акциите кои ги имал во „Disney“. За сето тоа време Гејтс со стрпливи финансиски потези далеку го надминувал својот соперник, иако неговата генијалност не била ништо поголема (а може да се каже дека била и значајно помала) од таа на Џобс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП