20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ќе ги укине лимитите на дивидендите по септември

ЕЦБ ќе ги укине лимитите на дивидендите по септември

Од октомври, европските банки повторно ќе можат да дистрибуираат повеќе пари на своите акционери. Ограничувањата на дивидендите издадени од финансискиот регулатор истекуваат на крајот на септември, објави Европската централна банка (ЕЦБ).

Најновите прогнози „го потврдуваат економското закрепнување и укажуваат на помала несигурност“, велат од ЕЦБ, повлекувајќи ја кризната мерка што ги принуди кредиторите да одржуваат капитал за време на пандемијата.

„Најновите макроекономски прогнози го потврдуваат економскиот скок и упатуваат на намалена несигурност, што ја подобрува веродостојноста на траекторите на капиталот на банките“, се вели во соопштението на регулаторот.

„Како резултат, соодветно е да се врати претходната супервизорска практика на дискутирање на траекторите на капиталот и плановите за откуп на дивиденди или акции со секоја банка“, додаде ЕЦБ.

Сепак, ЕЦБ јасно стави до знаење дека финансиските институции мора „да продолжат да се воздржуваат и внимателно да ја испитуваат одржливоста на нивните деловни модели“ кога станува збор за распределбата на дивиденди. Покрај тоа, доверителите не треба да го потценуваат ризикот дека може да се соочат со дополнителни загуби кога истекуваат мерките за поддршка на државата по кризата.

Во март 2020-та година, ЕЦБ побара од комерцијалните банки да се воздржат од плаќање на дивиденда најмалку до 1-ви октомври 2020-та година, како и од откуп на акции во контекст на пандемијата со коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП