26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВорен Бафет во 1999 година даде совет за тоа како да се...

Ворен Бафет во 1999 година даде совет за тоа како да се збогатите, а тој се применува и денес

Во 1999 година, мултимилијардерот Ворен Бафет даде совет како да се стане богат и се верува дека тој се применува и денес.

„Ако сакате да бидете богат како Ворен Бафет, не чекајте да почнете“, рече тој на годишното генерално собрание на конгломератот „Бершир Хатавеј“ пред 22 години, а беше запрашан како да се стекне богатство од 30 милијарди долари – колку што беше проценето неговото богатство во тоа време.

Во тоа време имал 68 години, а во меѓувреме неговото богатство пораснало на повеќе од 100 милијарди долари. Зборувајќи за тоа како да се стекне богатство, тој посочи дека „каматата е најдобар пријател на инвеститорите“ и го спореди стекнувањето богатство со тркалање грутка по ридот.

„Започнете рано. Кога почнав да стекнувам богатство, тоа беше мала грутка на врвот на многу долг рид. Трикот е да имате долг рид и да започнете да го правите тоа многу млад или да живеете многу стар “, рече Бафет.

Оракл од Омаха, како што е прекарот на Бафет, објасни што би сторил ако тој завршел колеџ во 1999 година и тогаш имал 10.000 долари за инвестирање.

„Веројатно би се фокусирал на помали компании затоа што би работел со помали суми на пари и затоа што тогаш постои поголема можност да се предвиди нешто“, нагласи тој, додавајќи дека ќе ја проучува секоја компанија по азбучен ред и со тоа ќе го започне својот пат кон богатството.

Тој смета дека инвеститорите мора да го пронајдат својот пат и да се потпрат на своето знаење и интуиција во време кога тие бараат перспективни компании во кои сакаат да инвестираат пари. Според него, паметен инвеститор дава се од себе да научи што знае и што не знае и да дејствува многу енергично кога смета дека нешто е добра можност.

Тој неодамна изјави дека износот на неговото богатство е „неразбирлив“, пишува CNBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП