Фармацевтската компанија БиоНТек денес објави дека сака да ја користи mRNA технологијата за борба против маларијата, која беше применета на нејзината вакцина против коронавирус.
Германската компанија, која ја разви првата широко одобрена вакцина против коронавирусот заедно со американскиот партнер Фајзер, има намера да започне клинички испитувања за безбедна и високо ефективна вакцина против маларија до крајот на следната година, објави АП.

