23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на криптовалути експлодираше: Само за еден ден, тие пораснаа за 114...

Пазарот на криптовалути експлодираше: Само за еден ден, тие пораснаа за 114 милијарди долари, што доведе до тоа?

Вредноста на биткоинот порасна во неделата вечерта и премина 39.000 долари за прв пат од средината на јуни, бидејќи пазарот започна да се опоравува по неодамнешната продажба.

Криптовалутата во 23:05 часот по њујоршко време се тргуваше по цена од 38.059,84 долари. Според КоинДеск, вредноста се зголемила за скоро 11 проценти во споредба со истото време пред 24 часа. Биткоинот претходно достигна цена од 39.544,29 долари, највисока од 16 јуни годинава, пишува CNBC.

Закрепнувањето на биткоинот, исто така, ја зголеми вредноста на другите криптовалути, па етереумот порасна за 5,9 проценти, на 2.299,55 УСД. Целиот пазар на криптовалути порасна за 114 милијарди долари за 24 часа до неделата вечер, според Coinmarketcap.com. Закрепнувањето се случи откако неодамна биткоинот падна под 30.000 УСД поради глобалното распродавање, што ги зголеми стравувањата дека може да потоне уште подлабоко, наведува CNBC.

„Мислам дека видовме период на акумулација од 29 000 до 30 000 УСД, што укажува на стабилноста и потенцијалното поместување на биткоинот кон 40 000 УСД“, рече Вијај Ајар, раководител за развој на деловни активности на берзата за криптовалути Луно.

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, извршниот директор на Тесла, Илон Маск и извршниот директор на АРК Инвест, Кети Вуд, неодамна зборуваа на внимателно следената конференција за биткоин, под називот The B-Word.

Маск рече дека Тесла најверојатно ќе почне повторно да прифаќа биткоин при продажба на своите возила, бидејќи поголем дел од рударењето на биткоин преминува на обновлива енергија. Во мај, Тесла ја прекина продажбата на возила за криптовалути поради загриженост за „рапидно растечката употреба на фосилни горива за рударење на биткоин“.

Рударењето на биткоин е енергетски интензивен процес на создавање нови валути, што вклучува решавање на комплексни математички проблеми. Компјутерската моќ што е потребна за ова троши многу електрична енергија.

„Во Кина, тргувањето се опорави, а она што Илон, Џек и Кети го рекоа го активираше пазарот“, изјави за CNBC Алекс Брамер од Луксор Мајнинг, база на крипто-валути за напредни рудари.

Имаше и други најави кои ја стимулираа побарувачката за биткоин. Амазон сака да вклучи експерти за дигитални валути и блокчејн во одделот за плаќања, што сугерира дека тие планираат од поблиску да се справат со крипто-валутите. Портпарол на Амазон изјави дека компанијата е „инспирирана од иновациите што се случуваат во просторот на крипто-валути и истражува како би можело да изгледа на Амазон“.

Овие потези придонеле и за таканареченото “short squeezu”(кратко стискање), посочува инженерот за рударење на биткоин, Брендон Арванаги. Инвеститорите кои го „скратуваат“ биткоинот се надеваат дека цената ќе падне. Но, ако цената скокне, овие инвеститори ќе бараат начин да ги намалат загубите и да ги напуштат своите „шорт“ позиции, што поттикнува уште поголем раст на цените.

„Мислам дека скокот на вредноста е последица на прекумерното “шортирање“, рече Ајар.

Во меѓувреме, некои проблеми со цената на биткоинот почнаа да се расчистуваат. Во последните месеци Кина ги обнови своите мерки против криптовалутите, насочувајќи се кон рударењето и тргувањето. И загриженоста за отпечатокот на јаглерод од рударењето на биткоин почнува да опаѓа.

Брамер од Луксор Мајнинг вели дека несигурноста за влијанието на рударењето врз животната средина и кинеските регулативи полека се „истрошија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП