23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДигиталниот јуан е голем предизвик за доларот

Дигиталниот јуан е голем предизвик за доларот

Кина ги победува САД кога станува збор за иновации во пари преку Интернет, предизвикувајќи го статусот на американскиот долар како „де факто“ монетарна резерва.

Скоро 80 ​​земји, вклучувајќи ги Кина и САД, се во процес на развој на „CBDC“ или дигитална валута на централната банка. Тоа е форма на пари што е регулирана, но постои целосно на Интернет. Кина веќе го лансираше својот дигитален јуан за повеќе од милион кинески граѓани, додека САД сѐ уште се во голема мера фокусирани на истражување.

Двете групи одговорни за ова истражување во САД, Иницијативата за дигитални валути на „MIT“ и Банката на федерални резерви од Бостон, анализираат како би изгледала дигиталната валута за Американците. Приватноста е голема загриженост, затоа истражувачите и аналитичарите гледаат како Кина го воведува дигиталениот јуан.

„Мислам дека ако има дигитален долар, приватноста ќе биде многу, многу важен дел од тоа“, рече Неха Нарула, директор на иницијативата за дигитална валута во „MIT Media Lab“.

„Соединетите држави се сосема различни од Кина“, вели таа.

Друга грижа е пристапот. Според Центарот за истражување „Pew“, 7% од Американците велат дека не користат интернет. За афроамериканците тој процент се искачува на 9%, а за Американците над 65 години се искачува на 25%. Американците со попреченост имаат околу три пати поголема веројатност од оние без попреченост да кажат дека никогаш не одат на Интернет. Тоа е дел од она што го истражува „MIT“.

„Поголемиот дел од работата што ја работиме претпоставува дека „CBDC“ ќе коегзистира со физичка готовина и дека клиентите сепак ќе можат да користат физичка готовина ако сакаат“, рече Нарула.

Идејата за „CBDC“ во САД е делумно насочена кон обезбедување дека доларот останува монетарниот лидер во светската економија.

„Соединетите држави не треба да се потпираат на своето сегашно раководство во оваа област. Треба да се поттикне и развие јасна стратегија за да се остане многу силен и да се искористи моќта на доларот“, рече Дарел Дафи, професор по финансии на Бизнис школата на Универзитетот Стенфорд.

Други сметаат дека дигиталниот јуан е подмолен кинески потег.

„Дигиталниот јуан е најголемата закана за Западот со која се соочивме во последните 30, 40 години. Овозможува Кина да ги повлече своите „канџи“ во сè на Запад и и дозволува да извезува дигитален авторитаризам“, рече Кајл Бас од „Нayman Capital Management“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП