ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе достави закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување.
Пратеничката група на опозициската партија ќе го предложи ова законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат и од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до крајот на 2023 година.

