29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lamborghini“ ова лето ќе претстави мистериозен нов модел

„Lamborghini“ ова лето ќе претстави мистериозен нов модел

„Lamborghini“ ќе претстави целосно нов производ на пазарот ова лето, навестија шефовите на компанијата при објавувањето на резултатите за првото полугодие.

Интересно, никој надвор од нив во моментов нема идеја каков може да биде овој модел. Некои шпекулации го поврзуваат со претстојната 50-годишнина од дебито на митскиот концепт „LP500“ во 1971-ва година, кој подоцна го роди „Countach“.

Други шпекулираат дека можеби станува збор за специјална верзија на „Urus“, слична на „Aventador Ultimae“, која веќе дебитираше.  

Сепак, можеме да претпоставиме дека станува збор за модел со мотор V12, бидејќи порано „Lamborghini“ вети дека ќе лансира два вакви автомобили во 2021-ва година. Не е ни чудо што тие се последни од ваков вид, бидејќи компанијата веќе ја објави својата намера да ја електрифицира целата своја гама преку хибридни технологии до 2024-та година, и да го лансираше својот прв чисто електричен модел во 2025-та година.

Концептот „LP500“, претставен во 1971-ва година, го роди „Countach“ и комплетно нов стил за брендот, кој се следи и денес. Дали е можно компанијата да го почести со јубилеен модел?

Италијанската компанија под покровителство на „VW“ не може да се жали на своите резултати во оваа година – всушност, првите шест месеци беа најсилни за Италијанците во нивната историја. Заслугата е првенствено на моделот „Urus“, продаден во 2.796 примероци. Следува „Huracan“ со 1.532 продадени примероци (+ 46%). На трето место е „Aventador“ со 524 продажби (+ 21%). Најголемиот пазар на „Lamborghini“ останува САД, а потоа следуваат Кина, Хонг Конг и Макао.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП