19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГалуп: Среќата е на северот, Македонија на 75 место

Галуп: Среќата е на северот, Македонија на 75 место

Скандинавија е сè уште најсреќното место во светот затоа што, според последниот Светски извештај за среќа, трите скандинавски земји ги држат првите три места.

И покрај пандемијата, распространетоста на среќата во последната година не се промени значително во споредба со претходните.

Според резултатите од традиционалното истражување на Галуп, во комбинација со индикатори за развој, првите три места на списокот на најсреќни земји во светот ги заземаат Финска, Исланд и Данска. Финска доби оценка 7,89, на скала од нула до десет.

Анкетата беше спроведена во пролетта 2020 година, откако светот беше погоден од пандемијата на коронавирус.

Швајцарија го подобри својот резултат за две места во споредба со 2019 година и се проби на четвртото место.

Во првите десет се Холандија, Шведска, Германија, Норвешка, Нов Зеланд и Австрија.

Интересно е што Германија ја подобри својата позиција за десет места во споредба со претходниот извештај.

Од земјите надвор од европскиот континент, само Нов Зеланд „се наметна“ во топ 10, додека Канада падна на петнаесеттата позиција. САД се искачија од 19-то на 14-то место.

Тајван е рангиран на 19-то место во Азија, а Нигерија е на 59-то место во Африка.

Македонија е на 75-то место со резултат 5, а од земјите од поранешна Југославија, најдобра е Хрватска – на 23-то место, со резултат 6,51, Словенија – на 26-то место со резултат 6,46 и Србија на 42-то место со резултат 6.

На дното на листата, односно меѓу најнесреќните земји во светот, доминираат африканските земји.

Целиот извештај можете да го видите на следниот ЛИНК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП