8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Urus“ е веќе најпроизведуваниот „Lamborghini“ во историјата (ВИДЕО)

„Urus“ е веќе најпроизведуваниот „Lamborghini“ во историјата (ВИДЕО)

Пред само неколку дена, „Lamborghini“ ги претстави резултатите од продажбата за првите 6 месеци од годинава, што се покажа како најдобра во историјата на брендот, а сега компанијата може да се пофали со уште еден рекорд – фабриката во Сант Агата Болоњезе веќе произведе 15.000 примероци од „SUV“ моделот „Urus“.

Инаку, јубилејниот 15.000-ти „Urus“ наменет за купувач од Велика Британија, има 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор со 650 ks/478 kW и 850 Nm.

Потребни беа само 3 години за да се постигне овој резултат. Премиерата на моделот се случи на крајот на 2017-та година, но првите автомобили им беа доставени на нивните сопственици само 6 месеци подоцна. За споредба, суперавтомобилот „Huracan“ остана на производната линија 5 години пред да достигне тираж од 14.000 примероци и да стане најпопуларниот „Lamborghini“, надминувајќи го неговиот претходник „Gallardo“, кој се произведуваше 10 години.

Првата „целосна“ година на производство на „Urus“ беше 2019-та година, кога марката ја удвои продажбата. Тековните резултати покажуваат дека бројот на продадени кросовер единици на пазарот за првата половина на годината – 2.796, го надминува вкупниот резултат на суперавтомобилите „Aventador“ и „Huracan“ – 2.056.

Ажурираниот теренец, наречен „Urus Evo“, треба да дебитира до крајот на годината. Тој ќе го задржи сегашниот 4,0-литарски V8, а за идната верзија на „Sport RS“ неговата моќност ќе се зголеми од 650 на 675 ks. Ќе има и „plug-in“ хибрид со погонски систем на „Porsche“ кој развива над 800 ks, како и верзија за сите терени „ST-X“, за која навести главниот инженер на марката Маурицио Реџијани пред 2 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП